Фото: Рexels-daniel-dan

Две најголеми грешки при слабеење е следењето на овој вообичаен совет

Иако многумина се обидуваат да ослабат, не сите совети за исхрана се подеднакво корисни. Покрај тоа, некои од нив, иако доаѓаат од устата на нутриционисти и експерти за велнес, всушност можат да го забават напредокот или дури да доведат до зголемување на телесната тежина, пишува „Њујорк пост“.

Експертката за губење на тежина, д-р Сју Декотис, предупредува на две големи грешки што луѓето често ги прават кога се обидуваат да ослабат и ни советува да се откажеме од популарните, но погрешни навики.

Зошто постојаното грицкање може да биде штетно

Според зборовите на д-р Декотис, една од најчестите грешки е постојаното грицкање во текот на денот, иако многу експерти го препорачуваат тоа. Студија од 2022 година често се наведува како аргумент што сугерира дека избалансираниот внес на калории во редовни интервали може да помогне во губењето на тежината.

Сепак, д-р Декотис истакнува дека премногу честото јадење го оптоварува инсулинот, хормон кој, меѓу другото, го регулира метаболизмот.

„Дури и кога јадеме мали количини храна, инсулинот мора постојано да работи, а тоа може да го спречи неговиот ефект врз согорувањето на мастите“, објасника таа.

Покрај тоа, студија од 2023 година покажа дека луѓето кои работат од дома консумираат просечно 800 калории повеќе дневно и прават околу 3.500 чекори помалку, што дополнително ја поттикнува потребата за ужина.

Ако сепак посегнете по ужина, експертите препорачуваат да изберете некоја богата со протеини, бидејќи таквата храна ве одржува сити подолго време и помага во зачувувањето на мускулната маса. Д-р Декотис им советува на своите пациенти да јадат два главни оброци дневно, со една планирана ужина, доколку е потребно.

Соковите се скриена калориска стапица

Друг често споменуван „здрав“ избор кој може да има спротивен ефект е овошниот сок. Иако соковите се промовираат како симбол на здрав начин на живот со години, д-р Декотис предупредува дека нивната дневна консумација може да придонесе за зголемување на телесната тежина.

„Овошните сокови се речиси целосно јаглехидрати и имаат мошне малку протеини или влакна“, истакнала таа.

Ако се консумираат редовно, тие можат да доведат до зголемување на телесната тежина. Студиите покажале дека ладно цедените сокови можат да бидат исто толку штетни како газираните пијалаци, бидејќи телото го метаболизира природниот шеќер во овошјето на ист начин како и рафинираниот шеќер во засладените пијалаци.

Проблемот со течните калории е што тие не ве прават да се чувствувате сити, па луѓето несвесно јадат повеќе во текот на денот.

Нутриционистката Ребека Диткоф објаснува дека јадењето цело овошје е многу поефикасно бидејќи влакната го забавуваат варењето и ве држат сити подолго време.

На пример, чаша 100 отсто сок од јаболко содржи речиси 30 грама шеќер и нема влакна, додека целото јаболко има половина од таа количина шеќер и три до четири грама влакна.

Иако некои навики во исхраната може да изгледаат здрави, важно е да се запрашаме колку се тие навистина корисни за слабеење. Наместо чести грицки и сокови, експертите препорачуваат поедноставна стратегија: два оброка на ден, минимално грицкање и цело овошје наместо сок. Ова го одржува балансот на инсулин, го намалува непотребниот внес на калории и ја зголемува веројатноста за долгорочен успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот