Две лица неправосилно осудени на по 500 евра казна за мачење животни – на импровизиран ринг организирале борба на два питбула

Основниот суд Тетово неправосилно осуди две лица затоа што во февруари годинава сториле кривично дело мачење животни. Според првостепената пресуда тие заради изживување ги изложувале на страдање нивните кучиња раса питбул, едното кафеаво, другото бело на начин што по претходен телефонски разговор се сретнале на стадионот во селото и на импровизиран ринг за борба на кучиња ги пуштиле кучињата да се борат околу два часа, при што кучињата се здобиле со повреди.

Полициски службеници и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство после три дена го пронашле белото куче питбул во напуштена куќа и било земено на привремено згрижување. Според првостепената пресуда двете лица се задолжени да платат по 500 евра.

Јавниот обвинител предложил да се донесе пресуда со издавање казнен налог.

Судот сметал дека со изречената кривична санкција ќе бидат постигнати целите на казнувањето и дека кон обвинетите не е нужно да се изрече казна заради кривично-правна заштита и дека паричната казна доволно ќе влијае врз нив во иднина да не вршат кривични дела, а од аспект на генералната превенција ќе влијае и врз другите да не вршат кривични дела.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот