Бојан Христовски

Две директорки осудени за англискиот сертификат од „Јулија“, зошто МВР не поднесе кривична пријава и против Бојан Христовски, прашува СДСМ

Зошто Министерството за внатрешни работи не поднесува кривична пријава против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, прашува СДСМ откако вчера излезе информацијата дека две директорки биле осудени со признание на вина, за лажни сертификати за познавање англиски јазик од истиот правен субјект од каде и тој има сертификат за познавање англиски јазик.

„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува сè поголем. Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија. Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За случаите со двете директорки институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени. Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски? Тошковски штити некој што прекршува закон? Или за него партиската припадност на Христовски е карт бланш дека не смее да биде гонет?“ прашуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека „МВР би требало да има исти критериуми и да постапува по закон, неселективно, а не да штити прекршување на законите“.

Го повикуваме Тошковски да почне да ја работи работата за којшто е платен од граѓаните. Јавното обвинителство не треба да чека, согласно своите надлежности треба да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски за овој скандал со незаконско поставување на директор на АНБ, пишува во соопштението од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот