Фото: Ars Electronica / Flickr

Овие два вида намирници му штетат на здравјето на мозокот

Јаглехидратите се примарен извор на енергија за мозокот и играат клучна улога во когнитивните функции, концентрацијата и помнењето.

Но, не се сите јаглехидрати исти. Додека сложените јаглехидрати од намирници од цело зрно обезбедуваат долготрајна енергија и го поддржуваат здравјето на мозокот, рафинираните и високо обработени јаглехидрати можат да имаат спротивен ефект. Овие нездрави јаглехидрати предизвикуваат нагли скокови и падови на нивоата на шеќер во крвта, што доведува до ментална магла, забавено размислување и проблеми со помнењето.

Со тек на време, прекумерното консумирање на вакви намирници може да придонесе за воспалителни процеси во телото и за инсулинска резистенција – состојби поврзани со пад на когнитивните способности.

Според зборовите на нутриционистката Крутике Нанавати, постојат јаглехидрати кои би требало да се избегнуваат.

Намирници кои му штетат на мозокот

1. Засладени житарки

Засладените житарки се популарен избор за појадок, но често содржат големи количини рафинирани јаглехидрати и додаден шеќер. Целиот тој шеќер може негативно да влијае врз здравјето на мозокот.

„Ова може да предизвика ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта, што доведува до тешкотии со концентрацијата“, вели Крутике Нанавати, пренесува „Јаху“ (Yahoo).

Брзите промени во нивоата на шеќер во крвта му отежнуваат на мозокот да одржува стабилна енергија, што ги нарушува когнитивните функции. Долгорочно, јадењето појадок со многу шеќер може да доведе до отпорност на инсулин (инсулинска резистенција), што дополнително го влошува здравјето на мозокот.

2. Печива и крофни

Печивата и крофните се чест избор за појадок, но содржат многу шеќер и нездрави масти. Според Нанавати, тоа може да ги наруши когнитивните функциии и да предизвикаат проблеми со меморијата.

Комбинацијата на шеќер и транс-масти во овие намирници може да доведе до воспалителни процеси и оксидативен стрес, што негативно влијае на здравјето на мозокот, предизвикувајќи тешкотии со помнењето и фокусот.

Освен тоа, поради нивната висока калориска вредност и ниската нутритивна вредност, овие намирници можат да придонесат за дебелеење и метаболички нарушувања, кои дополнително влијаат на функцијата на мозокот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот