Павел Дуров Владимир Путин Фото: Стив Џенингс / АФП / Профимедија/Танјуг/Алексеј Бабушкин, Спутник, Кремљ/АП

Дуров сакал да се сретне со Путин: Како апсењето на основачот на Телеграм ќе влијае на војната во Украина?

Од моментот на апсењето на милијардерот и основач на апликацијата Телеграм, Павел Дуров, не престануваат шпекулациите во јавноста за него, неговото минато и неговата судбина.

Неговиот притвор завршува утре, па дефинитивно наскоро ќе дознаеме повеќе, но што се случило досега?

Не е детално објаснето за што е обвинет и зошто е приведен.

Имено, како што беше соопштено, Павел Дуров е приведен поради измама која била извршена преку платформата Телеграм. Прво се зборуваше за продажба на дрога, а подоцна се споменуваше дури и детска порнографија, но засега ништо не е потврдено, пишува „Нова.рс“. 

Телеграм објави соопштение во кое вели дека Дуров „нема што да крие“.

Со оглед на тоа дека е уапсен во Франција на аеродромот, парискиот обвинител во соопштението наведе дека Дуров е во притвор во рамките на истрагата за сајбер криминал, но не се објавени подетални информации.

Претседателот Емануел Макрон објави на социјалните мрежи дека видел „лажни информации“ за Франција по апсењето на Дуров и додаде: „Ова во никој случај не е политичка одлука. На судиите е да одлучат“.

Да потсетиме, Дуров е роден во Русија, каде живеел до 2014 година, но освен руско, има и француско државјанство. Руската амбасада наводно веднаш реагирала.

По наводите кои вчера се појавија во јавноста, а се однесуваат на тоа дека Дуров неодамна, во средината на август, се сретнал со Путин во Азербејџан, се огласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не знаеме за што точно е обвинет Дуров, се уште немаме добиено официјални изјави“, изјави Песков, кој тврди дека средбата меѓу претседателот и Павел Дуров не се случила.

„Да почекаме да се објават наводите, доколку станат. После тоа ќе можеме да извлечеме прелиминарни заклучоци. Обвиненијата се навистина многу сериозни. Тие бараат не помалку сериозна основа на докази. Во спротивно, тоа ќе биде директен обид за ограничување на слободата на комуникација“, се наведува во неговата реакција, пренесоа руските медиуми.

Наводно, Дуров побарал да се сретне со Путин, но рускиот претседател не сакал.

Азербејџанската новинска агенција Туран пред една недела, еден ден по заминувањето на Путин од Баку, објави дека Путин одбил средба со Дуров.

Туран во таа вест се повикува на телеграмскиот канал „База“ и наведува дека и претседателот на Русија и основачот на социјалната мрежа во исто време биле во Азербејџан.

Дуров, наводно, побарал средба со Путин преку претседателската администрација неколку дена пред доаѓањето на шефот на Кремљ во Баку, а причината за одбивањето на Путин да се сретне не е откриена.

Многу руски медиуми, пишани и телевизиски, ја проучуваа оваа тема и коментираа што може да се случи понатаму.

Имајќи предвид дека Телеграм е еден од важните канали за комуникација, како за државните функционери, така и за војската, неговото укинување би можело значително да го промени текот на војната во Украина.

„Како и да заврши оваа мистериозна приказна, Москва ќе ја искористи за да зајакне еден од своите официјални наративи: дека руските граѓани треба да внимаваат на Западот“, пишува Би-Би-Си.

Каков ќе биде развојот на настаните во текот на утрешниот ден, дали Павел Дуров ќе се појави пред судот или ќе биде ослободен по истекот на одреден период на притвор, останува да покаже времето.

Да потсетиме, Telegram е шифрирана апликација, има близу милијарда корисници и е особено влијателна во Русија, Украина и републиките од поранешниот Советски Сојуз.

Дуров во неколку наврати влегувал во конфликт со властите бидејќи сакал да ја зачува приватноста на корисниците на неговата апликација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!