Дурловски: „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола

Носителот на изборна единица 5, Игор Дурловски даде изјава од центарот на градот Битола при што посочи дека со „Обновата на Македонија“ ќе се донесат многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола.

„Битола е град музеј на отворено. Динамичен и жив сведок на силниот дух и моќта на македонската, културна и уметничка традиција. Затоа „Обновата на Македонија“ ќе донесе многу проекти кои ќе бидат силен импулс во културниот и туристичкиот развој на Битола“, истакна Дурловски.

Дурловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе го обнови сјајот на богатата градска архитектура на Битола со конзервација и реставрација на сите фасади на објектите кои што се заштитено културно наследство во целата Општина.

„Овој проект ќе се надоврзе на веќе извршената обнова на фасадите на 50-тина објекти на Широк сокак, кои беа реализирани во 2017-та година и ќе овозможи и останатите сегменти на централното градско јадро да му парираат на Широк сокак со богатствата на своите објекти. Без културна интеракција со минатото нема иднина. Обновата доаѓа“, порача Дурловски од Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот