ДУИ на иста линија со Левица – за нив не важат интересите на Албанците, обвинува „Вреди“

Конститутивна седница/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Коалицијата „Вреди“ реагира дека ДУИ потврдила оти не важеле интересите на албанскиот народ, односно важеле само додека биле на власт. Според нив, Африм Гаши бил првиот Албанец избран за Претседател на Собранието со 76 пратеници, значително мнозинство кое било логично да биде подржано од сите пратеници Албанци, без разлика дали се позиција или опозиција.

„Бегството на пратениците на ДУИ од собраниската сала е нова епизода од неподржувањето на Арбен Таравари за единствен претседателски кандидат на Албанците и бојкотот на вториот круг на претседателските избори. Погрепни одлуки на ДУИ спротивни на интересите на ЕУ и САД. Со ваквото поведение ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левица“, порача „Вреди“.

Во соопштението на „Вреди“ се додава дека Европскиот фронт на ДУИ се разобличил на првиот опозициски тест.

„ДУИ има обврска да ја прифати реалноста и да се однесува како одговорна опозиција. Заради серијата очајни политички одлуки сега имаат уште поголема тежина во многу блиска иднина да докажат дека нема како опозиција да ги ризикуваат ЕУ перспективите заради лични и теснопартиски интереси“, порачаа од „Вреди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот