Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Дубаи чоколадото го излуде светот: Но какви ефекти има врз здравјето?

Цел свет е луд по популарното Дубаи чоколадо, но какви ефекти има тоа врз здравјето? Популарното чоколадо со своите состојки – ф’стаци, таан и печен кадаиф привлече голем број луѓе.

Сепак, неговата висока цена не е единствениот проблем поврзан со овој десерт. Иако привлекува внимание со својот луксузен изглед и неодоливиот вкус, диететичарката Мерве Бајрам предупредува на штетното дејство на ова чоколадо, пренесува „Истанбул Гелишим Универзитет“.

„Шеќерот, мастите, кофеинот и другите состојки во чоколадото од Дубаи може негативно да влијаат на варењето, предизвикувајќи рефлукс, гасови и грчеви, особено кај луѓето со чувствителен дигестивен систем“, објаснува Бајрам.

Дубаи чоколадото, богато со ф’стаци, може да биде ризично за луѓето алергични на ова јаткасто овошје. Бајрам предупредува:

„Кремот од кикирики и тој со сусам може да предизвикаат сериозни алергиски реакции, додека глутенот во кадаифот е проблем за луѓето со целијачна болест или нетолеранција на глутен“.

Бајрам истакнува дека чоколадото од Дубаи содржи многу шеќер, кој брзо го подига нивото на гликоза во крвта, го стимулира лачењето на инсулин и со текот на времето може да доведе до отпорност на инсулин и да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот