Државната и јавната администрација во Скопје денеска ќе работат со скратено работно време

Фото: Методи Здравев

Врз основа на заклучоците донесени на 199. седница на Владата, сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје денеска ќе работат со скратено работно време до 12:00 часот, поради Самитот на ОБСЕ што се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје.

Здравствените установи ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

30 ноември е неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Истиот нема да се одработува.

Банките ќе работат редовно на 29 и 30 ноември, исплатата на ноемвриските пензии ќе почне од 1 декември

Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, но не се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје.

Царинските испостави во Скопје нема да работат во четврток, а во среда само до пладне

Се препорачува приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ да ги спроведат заклучоците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот