Банките ќе работат редовно на 29 и 30 ноември, исплатата на ноемвриските пензии ќе почне од 1 декември

Гужва луѓе пред банка / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески
Гужва луѓе пред банка / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Согласно со тековните информации на Народната банка во периодот од 29 до 30 ноември не се очекува прекин на клучните работни процеси на банките и на територијата на Скопје, односно сите банки ќе работат, соопштија од НБРСМ.

-Сепак, за работното време на одделните експозитури, имајќи го предвид безбедносниот аспект на Самитот на ОБСЕ, ги упатуваме граѓаните да се информираат преку комуникациските канали на банката чии клиенти се – соопштија од Народна банка.

Инаку, пензиите за ноември 2023 година официјално ќе бидат исплатени на 1 декември 2023 година, а некои од банките ја исплаќаат и ден-два претходно. Така од Халкбанк АД Скопје, ги известија своите клиенти дека исплатата на пензиите на нивните платежни сметки ќе се изврши во вторник (28 ноември) и средствата ќе им бидат на располагање во сите филијали на банката, преку банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство. Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на АД ,,Пошта на Северна Македонија “ само за клиентите кои имаат дадено согласност за исплата преку пошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот