Државите низ светот сѐ повеќе складираат злато

Архива на СП

Централните банки продолжија да купуваат злато, со пријавени нето-месечни набавки од вкупно 42 тони во октомври, откри Светскиот совет за злато (VGC). Според извештајот објавен минатата недела, бројката е за 41% пониска од ревидираната сума од септември од 72 тони, но сепак е 23% над месечниот просек од 34 тони од јануари до септември.

Народната банка на Кина остана најголем купувач на златни прачки, известувајќи за откуп на 23 тони злато во 12-то последователно месечно зголемување на своите резерви. Централната банка на Турција, исто така, направи значителен откуп во текот на месецов, купувајќи 19 тони за да ги зголеми официјалните резерви на злато  на 498 тони.

Русите лани купиле рекордна количина златни прачки

Освен кај овие две банки, откупот бил поскромен во другите држави, се вели во извештајот. Народната банка на Полска, наводно, продолжила да ги зголемува своите златни резерви, купувајќи уште шест тони. Нејзините залихи на благородниот метал годинава се зголемија за над 100 тони, на вкупно 340 тони. Резервната банка на Индија, Чешката национална банка, Националната банка на Република Киргистан и Централната банка на Катар беа други значајни купувачи во октомври.

Извештајот, исто така, истакна дека набавките на злато од централната банка во голема мера ја надминале продажбата на металот досега оваа година.

„Дури и пред нето-купувањата во октомври, забележавме дека 2023 година веројатно ќе биде уште една колосална година на купување на златни прачки на централните банки. Со позитивен почеток на четвртиот квартал, побарувачката на централните банки оваа година се чини дека ќе се зголеми уште повеќе“, заклучува Светскиот совет за злато (VGC).

Како ќе се движи златото во 2024 година – прогнози на експерти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот