Русите лани купиле рекордна количина златни прачки

Архива на СП

Русите минатата година купиле рекордна количина златни прачки. Даночните олеснувања за благородни метали ги поттикнаа луѓето да складираат резерви, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за финансии.

Во март минатата година, Москва го укина данокот на додадена вредност на трговијата со злато за физички лица, во обид да ги спречи граѓаните да штедат во американски долари.

Лицата кои остваруваат добивка од продажба на златни прачки се ослободени од данок на доход, што дополнително ја зголеми побарувачката за овој метал.

Според најновите податоци, Русите минатата година купиле повеќе од 50 тони златни прачки, што е десетпати повеќе од претходно.

Најбарани се шипките од килограм, кои сочинуваат 60 отсто од вкупно продадените.

Од Министерството за финансии посочуваат дека објавените податоци не се конечни и го опфаќаат периодот до крајот на ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот