Дрвокрадци од Штип фрлале дрва по полицајците за да им побегнат

Дрва за огрев / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца штипјани поради „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

Како што информираат од СВР Штип, на 23.10.2023 во село Кошево, полициски службеници од СВР Штип, Шумска Полиција и ЈП Национални шуми – „Серта“ од Штип ги забележале Љ.Д.(44) и Б.Џ.(45) со товарно возило во кое имало огревни дрва.

Тие со возилото се дале во бегство и притоа од возилото фрлале дрва за на тој начин да ги спречат службените лица да ги престигнат, односно да ги извршат службените задачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот