Џексон Родригез / Фото: Инстаграм

Дрски криминалци грабнале сопруга и дете на познат еквадорски фудбалер, тој се скрил под кревет

Трагедија го погоди еквадорскиот фудбалер Џексон Родригез во средата рано наутро, кога неговата сопруга и синот беа киднапирани. Џексон Родригез, кој игра за клубот Емелек од Еквадор, се молеше за безбедно враќање на неговото семејство.

Инцидентот се случил во средата вечерта во крајбрежниот град Гвајакил. Маскирани лица упаднале во куќата на Родригез во три часот наутро и ја скршиле влезната врата. 26-годишниот фудбалер изјавил дека се криел под креветот додека грабнувачите го претресувале имотот, кој се наоѓа во населбата Мучо Лоте 2, пренесува британски „Сан“.

Шефот на полицијата Едисон Родригез потврди дека сопругата и петгодишниот син на фудбалерот биле киднапирани. Провалниците ја прашале сопругата на Родригез дали фудбалерот е во куќата, а потоа ја однеле неа и детето, потврдила полицијата. Од прозорецот, Родригез видел „поединци кои заминуваат во сив пикап“. Се сокрил под креветот и успеал да ги избегне провалниците.

Киднапирањето фудбалери не е невообичаено во Еквадор. Минатиот декември, ѕвездата од Кито, Педро Перлаза, беше киднапирана во градот Есмералдас. Тој беше пронајден жив неколку дена подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот