Дронот над Варшава и прашањето: Кој сака да ја вовлече Полска во војна со Русија?

Анализа на порталот Оружје онлајн укажува дека последниот инцидент со соборениот дрон над владини згради во Полска не е изолиран случај, туку дел од поширок наратив што може да има сериозни геополитички последици. Имено, настанот не само што ја вознемири јавноста во Варшава, туку и ги отвори прашањата за тоа дали постојат структури што активно работат на провокација и вовлекување на Полска, а со тоа и НАТО, во директен конфликт со Русија.

Уапсени Украинец и Белорусинка – рушење на официјалната верзија

Наративот за „напад со руски беспилотни летала“ врз Полска е сомнителен по многу информации, наведува порталот, бидејќи според дел од полските медиуми, властите во Варшава го именуваа украинскиот државјанин како одговорен за инцидентите од 15 септември во кои беспилотни летала наводно летале над зградите на полската влада.

Првичните информации за апсењето на двајца Белоруси беа демантирани. Во исто време, се зборува за можна вмешаност на Киев, со оглед на тоа што меѓу осомничените има и Украинец. Имено, по проверка на документите и идентитетот, беше утврдено дека еден од уапсените е 21-годишен украински државјанин.

Уште еднаш, како што тврдат критичарите, НАТО не успеа да ја демонизира Русија и да ја вовлече во нов циклус на асиметрична ескалација. Како и во претходните случаи – саботажата на гасоводот „Северен тек“ и браната во Херсон најчесто се споменуваат – Украинците се повикуваат на провокации кон Руската Федерација. Москва, од друга страна, вели дека останува воздржана и покрај засилената реторика и присуството на силите на НАТО на нејзините западни граници.

Паднатиот руски дрон во Полска е од типот „Гербера“ – Дифенс 24

Украинец и Белорусинка беа уапсени за летање со дрон над претседателската резиденција. Портпаролот на полската полиција изјави дека две лица се приведени: дваесет и едногодишен Украинец и седумнаесетгодишен белоруски државјанин. Инцидентот се случил над претседателската резиденција на улицата Паркова и во близина на палатата Белведере во Варшава.

Полскиот премиер Доналд Туск објави во попладневните часови на 15 септември дека е неутрализиран дрон во областа на владините згради. Подоцна, заменик-министерот за внатрешни работи, Мачеј Душчик, потврди дека „операторите на беспилотни летала“ биле приведени и испрашувани во текот на ноќта.

Во раните утрински часови се зборуваше за двајца Белоруси, но немаше дополнителни детали, а во меѓувреме белорускиот претседател Александар Лукашенко негираше каква било вмешаност на Минск.

Полски ракети како „руски дронови“ – скандалот што ја потресе Варшава

Руското Министерство за одбрана објави дека за време на масовниот напад врз воените објекти во Украина, ноќта на 10 септември, немало цели или планирани летови кон Полска и дека се подготвени да разговараат со Варшава за наводните беспилотни летала што прелетале над границата.

Во исто време, уште еден инцидент во Полска дополнително ја потресе јавноста: угледниот весник „Жечпосполита“ објави дека станбена куќа во селото Вирики-Вола била погодена од ракета лансирана од полски Ф-16 – не од дрон.

Според тие тврдења, обвинителството го опишало случајот на јавноста како „непознат летачки објект“, додека остатоците паднале врз куќа во Вирик.

Весникот наведува можност дека станува збор за ракета воздух-воздух AIM-120 AMRAAM, испукана во обид да се пресретне дронот, а системот за водење не функционирал. Според извештаите, проектилот не експлодирал благодарение на сигурносниот фитил, но предизвикал штета.

Во тие денови, сите мејнстрим европски медиуми се фокусираа на бранот соборувања на беспилотни летала од ноќта на 10 септември. Премиерот Туск веднаш ја обвини Москва за провокација, додека руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата дека беспилотните летала биле испратени во правец на Полска.

Дополнителен пресврт донесе пратеничката на Европскиот парламент, Ева Зајончковска-Херник, тврдејќи дека зградите биле погодени од полски ракети, а не од руски дронови. Таа ја обвини владата на Доналд Туск за „скандалозни невистини“ и кампања против неа, откако јавно изрази сомнежи за официјалната верзија на настаните.

„Голема лага. Мојот коментар се однесуваше на сосема друго прашање, а куќата не беше погодена од руски дрон“, рече Зајончковска-Херник.

Според цитираните полските медиуми, Ф-16 можеби погодиле објекти во Варшава за време на обидот за пресретнување на беспилотни летала од непознато потекло.

Во подетален пост, пратеникот рече: „Неверојатен скандал. Тукушто дознавме дека полска ракета што требаше да собори руски дрон погодила куќа во Вирики, а владата на Туск го криела тоа од јавноста. Со години бараме специјализирани системи за воздушна одбрана против дронови – ова се последиците од нивното отсуство“.

Цитат од „Жечпосполите“ известува: „Наодите на безбедносните служби покажуваат дека ракетата што ја погодила куќата дошла од полски Ф-16 и дека станува збор за AIM-120 AMRAAM со дефект на наведувањето; не експлодирала бидејќи фитилот работел“.

Рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, рече дека Русија нема цели во Полска и нема намера да влезе во конфликт со Варшава или НАТО.

Сепак, и колку да е странска служба уклучена во инцидентите, западните медиуми во своите извештаи не ја исклучуваат можноста на грешка на рускиот агресор во Украина да е причинител за прелетите на дронови во Полска и другите балтички земји, што според нив е сериозен проблем и провокација за НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот