Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Вардариште -Фото Слободен печат - Методи Здравев

„Дрисла“ и денеска чади, на „Вардариште“ е поставена екипа за обезбедување од потпалувачи

На Дрисла и денеска сѐ уште има големо чадење, но во Скопје не се чувствува чадот затоа што ветрот дува во спротивна насока. Таму и понатаму се одвива затрупување со земја на најкритичните делови каде уште гори. На „Вардариште“ денеска нема чадење. Ова е она што при денешната посета на двете депонии го утврдил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Во „Дрисла“ затекнав тешка механизација како работи на затрупување на критичниот дел, односно на делот каде уште има горење, всушност горењето не може да се види се гледа само силно чадење. Депониите е тешко да се изгаснат само со вода, бидејќи длабоко во нив се одвиваат хемиски и биолошки процеси, кои што предизвикуваат појава на запаливи гасови. Кренавме и еден ер-трактор, кој ќе се обиде со користење специјална пена да ја ублажи состојбата – рече Ангелов на денешната прес-конференција, објаснувајќи дека за да се стигне до местото што гори треба да се помине простор од 50-100 метри каде што има отпадни води од депонијата длабоки метар и половина.

Тој утрово ја посетил и депонијата „Вардариште“ и како што рече, таму денеска немало никакво горење и чадење. Како што посочи, оваа депонија ќе биде целосно обезбедена и дека веќе е ангажирана агенција за обезбедување, чија екипа е поставена на депонијата. Имато на агенцијата не го откри, но нагласи дека се работи за општествено одговорна компанија, чие ангажирање нема да ја чини Владата ниту еден денар. Ќе се изработи и план за да се спречи непосакуван влез во депонијата и нејзино повторно потпалување, бидејќи постојат сомневања дека и „Вардариште“ и „Дрисла“ се намерно потпалени, затоа што, како што нагласи, самопотпалување не се случило ни во текот на најжешките денови ова лето.

Ниту дождот не го изгасна пожарот на Дрисла – граѓаните се гушат од чадот и смрдеата

Ангелов информира дека повторно е прогласена кризна состојба во однос на пожарите, што на Штабот за управување со кризи му дава легитимитет да презема активности на овие две депонии во делот на пожарите.

Денеска имавме седница на Управувачкиот комитет, кој е тело на Владата и ја разгледавме можноста за донесување одлука за забрана на движење на територијата каде се наоѓа Вардариште. Се соочуваме со формално правни пречки затоа што на местото веќе има неколку диви куќи…Во суштина ние сме жртви на неколку семејства кои за да преживеат го трујат половина Скопје – истакна Ангелов, додавајќи дека на денешната седница на Владата треба да се одлучи дали ќе се преземе ваква мерка или не.

Според директорот на ДСЗ покривањето со земја што се спроведува на „Дрисла“ и „Вардариште“ е само привремено решение. После изборите Владата, заедно со градоначалникот на Скопје и градоначалниците на засегнатите општоини сериозно ќе се зафатат со решавање на проблемот со двете депонии.

 Во „Вардариште“ има купишта подземно ѓубре и невозможно е да го посипете со земја и да засадите трева, токсините ќе останат под земја. Прашање е и колку од тие токсини преку подземните води се слеваат во Вардар – рече Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот