Дресот на Бејб Рут најскап во историјата

На саботна аукција во Њујорк, дресот на Бејб Рут стана најскапо спортско парче во историјата откако беше продаден за дури 5.64 милиони долари.
Продадениот дрес датира од периодот од 1928 до 1930 година, кога Рут стана голема бејзбол ѕвезда.

Претходниот рекорд исто така го држеше дрес на Рут од Њујорк јенкис кој во 2012 година беше продаден на 4.4 милиони долари.

– Наследството и значењето на Бејб Рут за бејзбол и американската култура не можат да се споредат со ниедна друга личност во историјата на оваа земја – изјави Дејвид Хант, претседател на „Хант Аукшнс“, која и ја организираше акуцијата.

Бејб Рут играше 22 сезони во Американската бејзбол лига (МЛБ) и е прогласен за најбар играч во историјата на овој спорт. Рут освои седум титули со Њујорк јенкис, а од бејзболот се повлече 1935 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот