Во монодрамата игра актерката Биљана Драгичевиќ - Пројковска

Драмски театар со претставата „Кармен“ учествува на театарски фестивал во Молдавија

Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар Скопје на 27 јуни ќе учествува на 13. Меѓународен фестивал на камерни театри и мали театарски форми во градот Кишњев, Молдавија.

Фестивалот се одржува од 23 до 29 јуни на сцената на Државниот младински театар во Кишњев со учество на театри од тринаесет земји, меѓу кои: Германија, Канада, Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја, Израел, Македонија, Романија, Турција, Косово, Киргистан, Азербејџан, Казахстан и домаќинот Молдавија.

Драмски театар Скопје со монодрамата „Кармен“, во која ликот на Кармен го игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска, учествувал на десетина меѓународни фестивали, и тоа во Грузија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Албанија, како и на неколку гостувања во нашата земја.

Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од шпанскиот писател Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај 2021 година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен има добиено неколку меѓународни награди и признанија, известија од Драмски театар Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот