
Драмата продолжува: Бритни Спирс е убедена дека поранешниот сопруг соработувал со нејзиниот татко за да ја контролира
На почетокот на овој месец Сем Асгари(29) поднесе барање за развод од Бритни Спирс(41), по само 13 месеци брак, но извор близок до поп-ѕвездата сега тврди дека таа почнала да има сериозни сомнежи во врската многу пред тие официјално да се разделат, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Според извор близок до Бритни, пејачката е убедена дека Сем, со кој почна да излегува пет години пред да заврши долгогодишното старателство над неа, од страна на нејзиниот татко, работи со Џејми и му дава детали за нејзиниот живот.
„Бритни има причина да верува дека Сем тајно соработувал со нејзиниот татко Џејми уште од раните денови на нивната врска“, изјавил изворот.
Наводно, Сем му давал информации на Џејми кои би му помогнале таа да остане затворена. За возврат, Сем добивал пристап до неа и нејзините пари. Поради тоа, Бритни сега е убедена дека Сем ја изневерувал цело време.
Помалку од два месеци откако Сем и Бритни се запознаа на снимањето на спотот за песната „Slumber Party“, тие ја официјализираа својата врска на социјалните мрежи. Во тоа време, животот на Бритни го водеше нејзиниот татко, кој имаше целосна контрола врз нејзините финансии, кариера и секојдневни активности.
Иако кругот на луѓе на поп-ѕвездата беше ограничен на нејзините танчери и лица вклучени во нејзината кариера, Сем беше секогаш добредојден во семејството Спирс, придружувајќи им се на одмори и семејни излети.
Инаку, во годините откако ја запозна Бритни, актерска кариера на Сем процвета, а пред нивната романса да излезе во јавност, тој имаше само една улога, во спотот на бендот „Фивт хармони“. Оттогаш има снимено десетина филмови и ТВ емисии.
ВИДЕО | Бритни Спирс објави провокативни видеа, „пријател“ ѝ ја лиже ногата
ВИДЕО | Бритни Спирс објави провокативни видеа, „пријател“ ѝ ја лиже ногата
Сем Асгари ја уценува Бритни Спирс: Ќе објави срамни детали за неа ако не му даде повеќе пари