Езерото Комо во Италија / Фото: Francesco Bergamaschi / robertharding / Profimedia

Драма со трагичен крај на езерото Комо – Германец загина спасувајќи ги двете мали деца

Германски турист се води како исчезнат во езерото Комо во Италија, откако успеал да ги спаси своите две мали деца кои паднале во водата, јавија медиумите.

Несреќата се случила во понеделник попладне на страната од езерото спроти градот Дорио. Човекот бил на одмор со сопругата децата и тргнал на патување со брод од градот Донго. Во еден момент, децата завршиле во водата, а таткото скокнал за да ги спаси. Иако успеал да ги извлече од опасност, тој никогаш повеќе не се појавил на површината, а се верува дека го одвлекле силните струи на езерото.

Туристите кои од плажата забележале дека човекот не се вратил на површината, по што пријавиле и започнала потрага, во која се вклучиле противпожарен хеликоптер, хидроамбуланта, поморски спасувачки тим, противпожарни единици и крајбрежната стража.

На местото на настанот пристигнале и нуркачи од специјалната единица Венето.

Подводен робот со далечинско управување, кој ќе пристигне од Сардинија, ќе биде употребен во среда за да се спроведе детално пребарување на дното на езерото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот