Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

ВИДЕО | Доза на луксуз: Омилениот турски пар ја отвори вратата од својот дом

Познатите турски актери Бергузар Корел и Халит Ергенч, кој се прослави со улогата на Сулејман Величенственот во истоимената серија, се во брак од 2009 година. Среќата ја комплетираа синовите Али и Хан и нивната ќерка Лејла, а семејството веќе извесно време живее меѓу Истанбул и Лондон.

Тие живеат во станови во два града, а актерката го покажа ентериерот на едениот од нив.

Љубовната приказна на турската ѕвезда Халит Ергенч и неговата сопруга Бергузар Корел би можела да послужи како шаблон за сценариото на една од сериите во кои тие глумат. Многубројните објави на актерката на социјалните мрежи сведочат за семејната идила на парот.

Тие редовно ги информира своите фанови за животот кој го живеат на две адреси во последните години.

„За некоја како мене, која не може лесно да се прилагоди вон она на што е навикната, ова е нешто што навистина бара храброст. Кога решив да ја реновирам дневната соба, сакав дизајн кој не изгледа добро само естетски, туку е соодветен, издржлив и безвременски“, објасни актерката покрај видеото кое покажува како изгледа нивното семејно „гнездо“.

Внатрешноста зрачи со удобност

Бергузар претходно откри дека нејзиниот хороскопски знак е Девица и дека сака секоја соба внимателно да ја уреди во топла средина. Таа избра многу едноставен мебел, со посветли и потемни кафени тонови. Внатрешноста зрачи со удобност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Станот е добро осветлен, а ѕидовите и полиците се бели во сите простории. На видеото можеше да се види и нивното куче.

Еден од најпопуларните турски парови се запозна на снимањето на серијата „1001 ноќ“. Бракот на Халит не го спречило да и пријде на тогаш 23-годишната актерка во подем и фатално да се вљуби во неа. Набрзо по тоа ја напуштил сопругата и почнал да живее заедно со помлада колешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот