Вакцинација/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Досега се вакцинирани над 19 илјади граѓани против сезонски грип

Вакцинација против сезонски грип досега примиле над 19 илјади граѓани, а пријавени се над 61.000 граѓани. Од Министерството за здравство информираат дека од денеска, мобилни тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица.

Вакцината против грип штити од компликации и смрт, вели доктор Сања Цилевска Младеновска

-Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи. За потсетување, пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат – додаваат од Министерство.

Од денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Таравари се вакцинираше против сезонски грип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот