Досега самопопишани 177 875 лица од дијаспората

Фото: СП. архива

Преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани вкупно 177 875 лица  од дијаспората, објави денеска на веб страницата Државниот завод за статистика.

Најмногу самопопишани граѓани има од Швајцарија – 58 067, Германија – 40 400 и Италија – 25 618.

Во САД има попишано 7 484 лица, во Австралија 2 227 и Канада – 1 591 граѓанин.

Според политичкиот договор за одложување на пописот, самопопишувањето на граѓаните од дијаспората ќе продолжи до 30 септември годинава.

Од соседството од Албанија досега самопопишани се 362 лица, Босна и Херцеговина – 530, Бугарија – 408, Грција – 141, Косово – 1 038, Словенија – 3 324, Србија – 678, Хрватска – 1 331 и Црна Гора – 163.

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, Државниот завод за статистика денеска информираше дека нема да ги отпочне пописните активности на терен, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот