Ноа Лајлс ја одбрани светската титула на 200 метри/фото: EPA-EFE/John G. Mabanglo

ВИДЕО | Лајлс ја демонстрираше својата доминација и се израмни со легендарниот Болт

Американскиот спринтер Ноа Лајлс ја освои четвртата светска титула во кариерата и се приклучи на легендарниот Јусеин Болт во историјата на дисциплината 200 метри. На Светското првенство во Токио, Лајлс победи со време од 19.52 секунди.

Сребрениот медал му припадна на неговиот сонародник Кени Беднарек, кој делницата ја заврши со 19.58 секунд. Бронзата замина во Јамајка, младиот Брајан Левел успеа да го подобри личниот рекорд и со 19.64 секунди обезбеди место на подиумот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот