Џек Ма

Донација за САД од најбогатиот човек во светот: Mилион маски и сетови за тестирање од корона

Милијардерот ја објави својата донација на Твитер и на кинеската страница Веибо, по само два дена откако претседателот Доналд Трамп најави 30-дневна забрана за патување од континентална Европа кон Соединетите држави, во обид да го забави ширењето на коронавирусот.

Џек Ма е ко-основач на е-трговијата Алибаба и неговото богатство се проценува на 39,9 милијарди долари, тој ќе им донира на Американците милион маски и 500.000 комплети за тестирање од коронавирус на САД

Милијардерот ја објави својата донација на Твитер и на кинеската страница Веибо, по само два дена откако претседателот Доналд Трамп најави 30-дневна забрана за патување од континентална Европа кон Соединетите држави, во обид да го забави ширењето на коронавирусот.

Донацијата е направена преку Фондацијата Maек Ма, и во изјавата што ја сподели со јавноста, тој рече дека донацијата е подготвена за испорака.

-Врз основа на искуството на нашата земја, брзото и точно тестирање и соодветната лична заштитна опрема за медицински професионалци се најефикасни во спречувањето на ширење на вирусот. Се надеваме дека нашата донација може да им помогне на Американците во борбата против пандемијата!- стои во твитот.

Jack Ma Foundation

@foundation_ma

Through a donation of 500,000 testing kits and 1 million masks, we join hands with Americans in these difficult times.

View image on Twitter
11.4K people are talking about this

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот