фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Доменикали во преговори да се организира Ф1 трка и во Бангкок

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, разговараше со тајландскиот премиер Паенгтогтан Шинаватра за плановите за организирање трка на улиците на Бангкок, објави Би-Би-Си.

Шинаватра рече дека Владата на Тајланд ќе нарача студија за можноста за одржување на улична трка во Бангкок од 2028 година.

– Верувам дека сите жители на Тајланд ќе имаат корист од организирањето на овој настан, без разлика дали станува збор за големи инфраструктурни инвестиции, отворање нови работни места, создавање нови приходи и увоз на нови технологии и иновации – рече Шинаватра.

Би-Би-Си потсетува дека во северозападниот дел на Тајланд, во Бурирам, постои патека која е акредитирана од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

Сезонава во Формула 1 шампионат ќе се организираат вкупно 24 трки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот