Пакистански активисти со парола „Иран-Индија-Израел“ протестираат против иранскиот напад - Фотографија ЕПА, Сохаил Хахзад

Долгогодишна тивка закана: Зошто конфликтот меѓу Индија и Пакистан може да стане глобален проблем

Вчера Индија истрела неколку проектили кон Пакистан, како одговор на терористичкиот напад што се случи претходно во регионот Кашмир, кога загинаа 26 лица.

Овој најнов конфликт доведе до кулминација на децениското непријателство меѓу двете нуклеарни сили, што за аналитичарите значи дека може да прерасне во отворена војна меѓу двете страни од која би имал последици и целиот свет. Ова меѓу другото го тврди индискиот аналитичар Невил Лазарус, за последните случувања.

„Светот треба да се плаши од зголемени тензии меѓу овие два нуклеарно вооружени соседи“, рече аналитичарот Невил Лазарус.

Тој додаде дека сè укажува на тоа дека ќе има голем конфликт бидејќи „лутината е премногу силна за да се задржи“.

Во меѓувреме Индија тврди дека нејзините ракетни напади биле одговор на бруталното убиство на луѓе кои безгрижно уживале на пикник кога ненадејно биле нападнати од милитанти поддржани од Пакистан. По нападот, Индија го обвини Пакистан дека засолнува и обезбедува оружје за милитантите чии членови ја преминуваат границата долга 800 километри и извршуваат напади во индиска територија.

Од друга страна, Пакистан ги негира овие наводи, каде потоа соопшти дека ги поддржува правата на луѓето од регионот Кашмир за самоопределување. Сега, соседите вооружени со нуклеарно оружје се на работ на целосен воен конфликт, оценува индискиот аналитичар.

Што значи „синдор“?

Но, светските медиуми објаснуваат зошто овој напад е различен од претходните и зошто сега цел беа туристите, кои претходно најчесто беа поштедени од милитантите. Индиската војска ги нарече своите ракетни напади врз Пакистан и пакистански Кашмир „Операција синдор“, име кое носи значење.

Синдор е хинду збор за црвениот пигмент што мажените хинду жени често го нанесуваат на челото. Името на индиската воена операција е очигледна алузија на начинот на кој вооружените лица пукаа врз жртвите во Пахалгам на 22 април.

Преживеаните детално опишаа како вооружените лица ги одвоиле машките туристи од жените, а потоа намерно ги идентификувале немуслиманите пред да ги застрелаат, оставајќи ги нивните хиндуистички жени како вдовици. Жените обично повеќе не носат синдор откако ќе починат нивните сопрузи.

Индија доследна, додека не се казни секој вмешан, нема застанување

Неколку часа по нападот, индискиот премиер Нарендра Моди му вети на светот дека неговата земја ќе го идентификува, пронајде и казни секој терорист и нивните поддржувачи.

„Ќе ги гониме до крајот на светот. Духот на Индија никогаш нема да го скрши тероризмот. Тероризмот нема да остане неказнет. Ќе вложиме максимални напори за да се осигураме дека правдата ќе биде задоволена“, изјави неодамна Моди.

Аналитичарот Лазарус потсетува дека во 2019 година Индија и Пакистан веќе беа на работ на конфликт. Тогаш најмалку 40 индиски паравојници загинаа во напад на бомбаш самоубиец врз воен конвој.

„Индија го обвини Пакистан дека засолнува исламистички терористи и изврши ограничени воздушни напади преку границата. Тензичниот судир меѓу двете земји со нуклеарно оружје продолжува до ден-денес“, објаснува аналитичарот Невил Лазарус.

Една деценија претходно, пакистанската војска тајно ги окупираше индиските позиции во делови од Кашмир контролирани од Индија.

„Потоа изби војна и Пакистан побара помош од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, со цел што поскоро да се деескалира конфликтот. Договорот во Вашингтон го потпиша тогашниот премиер на Пакистан кој се согласи да ги повлече војниците. Меѓутоа, обединетиот свет на џихадот го отфрли овој договор и продолжи да се бори против Индија“, објаснува Лазарус.

Сето ова за аналитичарот наведува дека регионот Кашмир со децении е точка на конфликт меѓу двете земји и истиот ќе продолжи да биде сè додека една од двете страни не го преземе владеењето таму.

„Пакистан останува на ставот дека спорот во Кашмир останува нерешен и ќе продолжи да го поддржува правото на народот на самоопределување. Недовербата меѓу двете земји растеше со текот на годините и има малку дипломатски маневри за премостување на јазот. Последниот инцидент наскоро може да се претвори во точка на вриење. Светот можеби треба да се подразмисли и заплаши какви би можеле да бидат последиците“, подвлекува Лазарус.

Зошто Кашмир е важен за Индија и Пакистан?

Ова не е прв пат двете најголеми земји од Јужна Азија, кои заедно бројат повеќе од 1,6 милијарди луѓе (што е околу една петтина од светското население), да бидат во конфликт околу регионот. Живописната долина Кашмир е во центарот на нивните тензии, пишува Ал Џезира.

Двајцата соседи водеа три од четирите претходни војни за Кашмир, кој се протега на 22.200 квадратни километри. Двете земји контролираат делови од Кашмир, додека Кина контролира една третина, но сè уште тврди дека е на целата негова територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот