Фото: Freepik

Доктор предупредува, бидете внимателни со „зимскиот полов орган“: Еве што сè треба да знаете за оваа појава

Зимата е на прагот, студените денови речиси секојдневие, затоа ова време не е толку пријатно за мажите кои можат да ја почувствуваат и не баш пријатната последица од студот, позната како „зимски полов орган“.

Да, добро слушнавте. Додека многумина се фокусираат на зголемените сметки за греење или на опасноста од лизгање на мразот, лекарите советуваат да внимавате и на ефектот на студеното време на вашите најинтимни места.

Што е „зимски пенис“ и што го предизвикува?

Иако звучи како урбана легенда, „зимскиот полов орган“ е вистинска реакција на телото на падот на температурата, објаснува докторот Доналд Грант, кој е доктор и консултант во „Независна фармација“. Според него, оваа појава се јавува кога телото привремено го ограничува протокот на крв во гениталиите за да се зачува топлината на виталните органи.

„Тестисите се собираат за да останат што е можно поблиску до телото, каде што е потопло“, објаснува д-р Грант. Иако оваа реакција е сосема природна, таа може да предизвика непријатност – особено кога е премногу студено.

Кога треба да бидете загрижени?

„Зимскиот полов орган“ обично е безопасен и исчезнува кога телото ќе се загрее. Меѓутоа, доколку забележите долготрајни промени во големината или обликот, би било паметно да се консултирате со лекар за да се исклучат други можни здравствени проблеми.

Мажите кои веќе имаат проблеми со еректилната дисфункција може да забележат дополнителни тешкотии за време на студените денови, бидејќи намалениот проток на крв може да го отежне постигнувањето и одржувањето на ерекцијата.

Топла гардероба како решение?

Можеби е време да набавите подебела облека, бидејќи како што температурата паѓа, важно е телото да се загрее, а циркулацијата да биде стабилна. На крајот, „зимскиот полов орган“ е само уште една причина повеќе да се подготвите за зимата, со топла облека и малку хумор!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот