Депилација депилирање нос
Фото: Profimedia

Доктор апелира: Зошто никогаш не треба да ги кубете или депилирате влакната од носот

Носот е деликатна област со бројни крвни садови и мукозни мембрани, вели д-р Дон Џ. Бисли.

Кубењето влакна од носот со пинцета или депилацијата на ноздрите може да предизвика инфекција, предупреди отоларинголог. Според д-р Никол Аронсон, популарните методи за отстранување на влакна, исто така, може да резултираат со враснати влакна, како и црвенило и иритација.

– Не би препорачала никаков метод за отстранување на влакна од носот. Тие се таму затоа што фаќаат полен, прашина и други иритирачки работи што ги вдишуваме. Влакната делуваат како физичка бариера, спречувајќи ги овие алергени да навлезат во назалните премини и потенцијално да предизвикаат иритација или штета на респираторниот систем. Депилацијата со восок ја пробива бариерата на кожата и создава отвори низ кои бактериите можат да навлезат подлабоко во ткивото. На тој начин се зголемува ризикот од инфекции – изјавила таа за „Хафингтон пост“.

Инфекциите може да вклучуваат назален вестибулитис, кога внатрешноста на носот е погодена од стафилококна инфекција што ја предизвикува бактеријата Staphylococcus. Симптомите вклучуваат црвенило внатре или надвор од ноздрата, грутка слична на мозолче, краста околу ноздрата и болка на таа грутка или чирови во носот.

Ако ви пречат влакната од носот, најбезбедно и најбезболно е да ги скратите со ножици. Изберете ги оние кои се дизајнирани да ги отстрануваат влакната од лицето. Исто така, може да послужат и тримери за нос.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот