Фото:

Доколку немате клима уред, ова растение може да ја намали температурата во станот

Ако сакате растенија, еве уште една причина да ја претворите вашата куќа во зелена оаза. Поради способноста да го прочистува воздухот и да ја апсорбира топлината, потребно е само да вложите малку труд за да преживее сансеверијата, пишува „Ел“.

Меѓу сите видови растенија, некои имаат неверојатна способност да бидат многу повеќе од само убав цвет. На пример, добро познатата сансеверија – растение со зелени листови со интензивни бои, круто и исправено, кое освен што е украсно, има способност да го прочистува воздухот во куќата, напредува на скриени места, добро се прилагодува на речиси секој простор, бара малку внимание и апсорбира летна топлина.

Фото: Frédérique Bidault / AFP / Profimedia

Сансеверија е популарно растение кое не бара многу одржување. По потекло од тропска Африка и Азија, овој вид стана високо ценето растение низ целиот свет поради неговата способност да се прилагоди на различни услови на светлина и температура. Една од најистакнатите карактеристики на ова растение е неговата способност да фотосинтезира ноќе, за разлика од повеќето растенија кои го прават тоа во текот на денот. Овој ноќен процес подразбира дека во текот на ноќта сансеверијата ослободува кислород и апсорбира јаглерод диоксид, што придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот во просторот каде што се наоѓа.

Освен способноста да го филтрира воздухот, сансеверија помага и за ладење на околината. За време на топлите денови, преку листовите испушта влага во воздухот, што има природно разладување.

Друга предност на ова растение е неговата способност да ги апсорбира токсините што се шират во воздухот. Докажано е дека ова растение може да ги отстрани несаканите хемиски соединенија, како што се бензен, трихлоретилен и формалдехид, кои се испуштаат од средствата за чистење, боите или мебелот. Со подобрување на квалитетот на воздухот, сансеверија придонесува за создавање поздрав простор за живеење.

Фото: safeena / Stockimo / Alamy / Alamy / Profimedia

Одржување

За среќа, тоа е растение кое бара малку грижа и внимание. Се прилагодува на различни видови осветлување, но најдобро е да не се изложува на директна сончева светлина. Исто така, може да преживее и во услови на умерена температура и не треба често да се полева. Имено, тоа е поотпорно на недостиг на вода отколку на вишок, па затоа е важно да се избегнува претерано наводнување кое може да му ги оштети корените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот