Милорад Додик/ Фото: EPA-EFE/ANTON VAGANOV / POOL

Додик: Поддршката за мисијата ЕУФОР доколку не го пречекорила мандатот

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека треба да се поддржи мандатот на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, но доколку има пречекорување на овластувањата, оваа мисија да се отфрли.

„Задоволни сме од ЕУФОР и од мандатот што го исполнува, без оглед на различните предизвици што може да се слушнат“, рече Додик на тематската седница на Владата на Српска, пренесе Срна.

Тој посочи дека ЕУФОР не го прекршил својот мандат.

„Доколку има пречекорување на овластувањата, мисијата ЕУФОР треба да биде отфрлена и да продолжиме да се бориме за понатамошната безбедносна позиција на Српска што може да ја гарантираат гарантите на Дејтонскиот мировен договор“, рече Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот