Фото: Инстаграм/krystal_joyce_16_

Добила 20 илјади евра отштета бидејќи додека се пресоблекувала во гардеробата ѝ влегол вработен во „Зара“

Кристал Џојс, 20-годишна тиктокерка и инфлуенсерка од Ирска, добила 20.000 евра отштета откако член на обезбедувањето влегол во нејзината кабина додека таа се пресоблекувала. Кристал рекла дека била вознемирена кога завесата во нејзината кабина ненадејно се поместила, додека, како што вели, била делумно соблечена, пренесува „Њујорк пост“.

На 20-годишната девојка, која во моментот на инцидентот пробувала облека и снимала за нејзиниот канал на ТикТок, ѝ беше доделена отштета од 20.000 американски долари.

На суд, таа тврдела дека ја држеле против своја волја во соблекувалната, а потоа, пред другите муштерии, лажно била прикажана како крадец и испрашувана, иако не направила ништо лошо. Таа, исто така, тврдела дека била жртва на клевета, бидејќи во присуство на други муштерии се создавало сомневање дека е вмешана во криминални активности, додека сè што сакала да направи е да проба облека.

Судот пресуди во нејзина корист и ги задолжи „Зара“ и компанијата за обезбедување да ѝ платат отштета од 20.000 евра. Нејзината адвокатка, Естер Ерл, изјави пред судот дека Кристал често се фотографира како пробува облека во соблекувалните, а потоа ја промовира таа облека на своите следбеници на TикТок.

Судијата што го води случајот истакна дека дошло до големо несогласување и дека инфлуенсерката бил оштетен.

„Тужителот даде искрени и отворени изјави“, рече судијата, додавајќи дека доказите што Зара ги прикажа не се ниту убедливи, ниту веродостојни.

„Постапиле на начин што ѝ нанеле штета на девојката“, заклучил судијата, потврдувајќи ја пресудата во нејзина корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот