Фото: Н1

Учениците кои се изживуваа врз наставничката во Србија може да бидат избркани од училиште

Против тројца ученици во Техничкото училиште во Трстеник е поведена воспитно-дисциплинска постапка поради инцидентот што се случи во училница на 9 ноември, а постои можност децата да бидат избркани од училиштето, објави Нова.рс.

„Ја најдов мојата колешка во итната помош со нејзиниот син истата вечер и слушнав што се случило и како се случило. За среќа таа не е телесно повредена. Учениците не биле познати по големи прекршоци.Постои можност да бидат избркани од училиште. Наставничкиот совет следната среда ќе донесе дисциплинска одлука“, вели Милан Глиџиќ, директор на Техничкото училиште во Трстеник.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како ученик ѝ приоѓа на млада професорка во средно училиште од зад грб, го извлекува столчето на кое седи, по што таа завршува на подот, додека друг сето тоа го снима, а учениците се смеат.

Учениците, кои очигледно не биле најпаметни, видеото од малтретирањето на професорката го објавиле на интернет, се со цел да ја исмеваат, но наместо пофалби од врсниците, добиле осуда.

ВИДЕО: Во Србија ученици се изживуваат врз наставничка, малтретирањето го снимиле со мобилен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!