
Директорката на скопската гимназија ,,Јозип Броз Тито” и други вработени пријавиле вознемирување од родител на ученичка
Денеска во 17 часот и 50 минути во полициската станица Центар професорка од скопската гимназија ,,Јосип Броз Тито” пријавила дека таа, директорката и вработени во училиштето биле вознемирувани од М.К. родител на ученичка. Од МВР за ,,Слободен печат” велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Препорачано
Според неофицијални информации на ,,Слободен печат” станувало збор за вознемирување од родител на една од ученичките која пред неколку недели учествуваше во претепувањето на 15-годишно девојче во близина на грчкиот конзулат. Откако била донесена одлука таа да биде префрлена во друг клас, татко и незадоволен од ваквата одлука почнал да ги вознемирува вработените во гимназијата.
Пред гимназијата бил закупен и билборд на кој е испишано ,,Правда” на кој пишува дека нарачател е токму овој родител.
,,Слободен печат” побара изјава од директорката на гимназијата Силвана Кржовска, но таа ги игнорираше нашите пораки.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
17мин
-
22мин
-
27мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5