Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Динамо Загреб во Србија го совлада израелскиот Макаби, едно полувреме за Миовски против Штурм

Во второто коло од лигашката фаза во Лигата на Европа, фудбалерите на Динамо Загреб вечерва го совладаа Макаби Тел Авив, со резултат од 3:1.

Израелските клубови ги играат своите домашни натпревари надвор од својата земја поради воено-политичката ситуација. Така, Макаби го пречека Динамо во Србија, поточно во Бачка Топола на стадионот на ТСЦ.

Макаба добро го отвори натпреварот и поведе со 1:0 во 14-тата минута со голот на Абу Фархи. Сепак, тоа некако ги налути „сините“ и потоа на теренот како да играше само еден тим.

Хрватскиот гигант брзо стигна до израмнување, а Лисица постигна убав гол во 16 минута за резултат 1:1. Брзиот пресврт на Динамо го направи Љубичиќ со гол во 19 минута за 2:1, а асистент беше Валинчиќ.

Динамо влезе на полувреме со водство од 2:1. Во продолжението, Динамо изгледаше подобро, пропушт неколку можности во почетните минути од второто полувреме.

Сепак, во 72 минута, Љубичиќ повторно стапи на сцена, откако го постигнува својот втор гол за 3:1, асистент сега беше Бељо.

По третиот гол, Динамо ја смири играта, држејќи сè во свои раце до крајот на мачот и заслужено победи со 3:1. По две кола од лигата на Лигата на Европа, Динамо има шест бода, додека Макаби остана на еден бод.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го одигра целото второ полувреме за шкотскиот Ренџерс кој загуби со 2:1 на гостувањето кај австрискиот Штурм.

Лига Европа, резултати:

Базел – Штутгарт 2:0
Селта Виго – ПАОК 3:1
Порто – Црвена звезда 2:1
Феенорд – Астон Вила 0:2
Генк – Ференцварош 0:1
Лион – Салцбург 2:0
Макаби Тел Авив – Динамо Загреб 1:3
Нотингем – Митјиланд 2:3
Штурм Грац – Ренџерс 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот