Фото: GNK Dinamo

Динамо Загреб добива нов стадион вреден 175 милиони евра

Во Загреб денеска беше презентиран проектот за нов стадион на Динамо Загреб на кој хрватскиот гигант би требало да почне да настапува во 2029 година.

Легендарниот „Максимир“ кој сега го користи Динамо во изминатите години добиваше многу критики од јавноста и се смета за застарен, па многумина реагираа и бараа Динамо да добие модерен стадион каков што доликува.

Денеска конечно беше претставен проектот според кој на новиот дом на Динамо би се потрошиле 175 милиони евра.

„Направивме долги анализи, разгледавме над 50 стадиони во Европа и мислам дека имаме решение. Стадионот ќе биде со капацитет од 35.000 гледачи и целиот проект треба да чини 175 милиони евра. Со овој проект сме согласни ние и Владата на Хрватска“, изјави првиот човек на Загреб, Томислав Томашевиоќ.

Проектот беше промовиран на „Максмир“ а на презентацијата присуствуваа уште премиерот Андреј Пленковиќ и претставници на Фудбалската федерација на Хрватска и Динамо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот