
Димитриевски: Мојот сон би бил да ја завршам кариерата во репрезентацијата играјќи на СП 2030
Македонскиот голман Столе Димитриевски (29) во разговор за „telemadrid.es“ изјави дека има желба да ја заврши репрезентативната кариера со настап на Светското првенство во 2023 година.
Препорачано
Шпанија и Португалија се кандидати заеднички да го организираат Мундијалот.
Нашиот чувар на мрежата од 2018 година ги брани боите на Рајо Ваљекано, до сега сезонава има 26 настапи во „Ла Лига“. Следниот меч во шампионатот ќе го има в недела дома против Атлетико Мадрид (21.00 часот). Рајо има моментно 37 бодови од 27 натпревари и се наоѓа на осмото место, но сака повеќе повеќе и се стреми кон нови важни достигнувања.
Димитриевски има само добри зборови за времето поминато во Ваљекас.
– Ваљекас е посебен стадион и неговите навивачи се единствени, горд сум и среќен што играм овде. Доаѓам од многу поскромно соседство од Ваљекас, ова соседство и овој клуб ме претставуваат. Имам договор за уште една година и се разбира јас мемам проблем да останам овде, доколку потпишам нов договор, можеби тука ќе ја завршам спортската кариера. Потоа би можел да бидам тренер или нешто друго во Ваљекас. Немам проблем да го дадам животот на Ваљекас затоа што Ваљекас ми даде многу – рече македонскиот голман.
Димитриевски 60 пати го има облечено дресот на македонската А репрезентација. Настапи на Евро 2020, прво историско учество на една наша сениорска селекција на големите натпреварувања.
– Мојот сон би бил да ја завршам кариерата во репрезентацијата играјќи на Светското првенство во Шпанија и Португалија во 2030 година, тогаш ќе имам 36 години – вели Димитриевски.