Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Дијана детално го опиша раѓањето на Новак Ѓоковиќ: „Ме „јадеше“ одвнатре, едвај дишев по породувањето“

Новак Ѓоковиќ има 37 години, речиси цел живот го посвети на тенисот и не планира да застане.  Зад себе има импресивна кариера, безброј трофеи, историски моменти, а прогласен е и за најдобар тенисер на светот.  Но, и тој некогаш беше бебе… Неговата мајка Дијана Ѓоковиќ еднаш се присети на првите моменти од тој 22 мај 1987 година, кога Ноле дојде на свет.

– Штом ми го донесоа веднаш знаев дека е мое. Беше единствен без завој на главата, темен, а се дереше како магаре. Веднаш реков: „Овој е мој, гарантирам!“ (смеа) Од првиот ден беше големо момче, а изгледаше како тримесечно бебе – низ насмевка изјави Дијана Ѓоковиќ откривајќи ги деталите за породувањето.

Фото:Јутјуб/Принтскрин

-Требаше да се роди во знакот Бик, но се „задоцни“ за неколку дена. Срѓан никогаш не ми го прости тоа. Зошто тој не е Бик, туку Близнак, но што да правам кога детето не сакаше да излезе надвор? Се чувствуваше добро во стомакот на мајка му, па моравме да предизвикаме породување. Кога конечно се роди, тој беше големо бебе, тешко четири килограми и 250 грама. Ме „изеде“ одвнатре. Четириесет дена не можев да се вразумам и да ги вратам органите на своето место. Едвај дишев по породувањето, имав дупка во стомакот. Но, фала на Бог, се беше како што треба“, додаде Дијана во емисијата „Додека ангелите спијат“.

Така, Новак навистина ѝ предизвикал потешкотии на мајка му. Тој беше очигледно упорен и тврдоглав додека сè уште беше во нејзиниот стомак. Тие квалитети ги носи и денес. Во неговиот случај тие се покажаа во најдобро светло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот