Дигитално реставрирана верзија на „Пеколот“ ќе има проекција во Кинотеката

Дигитално реставрирана верзија на италијанскиот нем филм „Пеколот“, снимен во 1911 година според епот на Данте, ќе биде прикажана на 19 октомври (вторник) во Кинотеката на РСМ.

„Пеколот“ е редок бисер на филмските архиви и се смета за прв долгометражен игран филм во светската кинематографија. Филмот е снимен според „Пеколот“, првиот дел од епот „Божествена комедија“ на Данте Алигиери, кој е фундамент на модерниот италијански јазик и на новоевропската книжевност и култура.

Режиран од тројца автори, Франческо Бертолини, Адолфо Падован и Џузепе де Лигуро, „Пеколот“ е филм од жанрот на фантастичниот хорор и е составен од 54 сцени, чија визуелизација е главно инспирирана од илустрациите на познатиот графичар Гистав Доре, француски сликар од 19 век.

Проекцијата на „Пеколот“ во Кинотеката ќе биде проследена со музика во живо во изведба на пијанистот Марио Маријани од Италија. Со проекцијата на „Пеколот“, Кинотеката и Амбасадата на Италија ја одбележуваат Неделата на италијанскиот јазик во светот, глобална манифестација која традиционално се одржува во октомври, како и 700-годишнината од смртта на Данте Алигиери.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 101, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот