Фото: Принтскрин / Инстаграм

Диџеј Мац стана татко: „Нашето синче Петар стигна на овој свет“

Марјан Петровски или познат како диџеј Мац веќе дваесетина години го збогатува ноќниот живот низ Скопје и Македонија. Покрај тоа што е успешен во професијата, тој ужива во животот и приватно. Мац стапи во брак во август 2023 со својата избраничка Татјана, а сега, на социјалните мрежи се пофали дека станале горди родители на син.

Среќната вест дека станал татко ја објави на својот инстаграм-профил споделувајќи фотографија од новородениот син. Мац и сопругата одлучија на синот да му дадат име со големо значење. Имено, гордите родители го крстија синчето, Петар, чие значење е карпа, камен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Petrovski (@djmatsofficial)

„Нашето синче Петар стигна на овој свет. Фала ви на сите за преубавите зборови и честитки … сите да си ја дочекате истата радост како и ние“, напиша тој покрај фотографијата.

Инаку, на крајот од минатата година парот сподели симпатична трудничка фотосесија со која открија дека едвај го чекаат новото поглавје од нивниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Petrovski (@djmatsofficial)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!