
Џејн Фонда е овогодишниот добитник на наградата Златен глобус за животно дело
Легендарната американската актерка Џејн Фонда ќе биде наградена со Златен глобус за животно дело, поради „нејзиниот неоспорлив талент кој ѝ носи највисоки признанија“, како што подвлече Холивудската асоцијација на странски новинари (НФПА), која е организатор на свеченоста.
Препорачано
„Иако нејзиниот професионален живот претрпе многу потреси, таа секогаш ќе остане запомнета по непоколебливата посветеност на промените“, се истакнува во соопштението.

Фонда има впечатлива актерска кариера од веќе шест декади. Доделувањето на наградата ќе се случи на годинешната свеченост во Беверли Хилс, Калифорнија, САД, на 28 февруари.

Оскаровката дебитираше на големиот екран 1960 година, а подоцна стана, според многумина – една од најсјајните холивудски sвезди, со филмови како „Барбарела“, „Девет до пет“ и „На златното езеро“… Нејзиното последно појавување беше во хумористичната серија на Нетфликс – „Грејс и Френки“.

Фонда е и добро позната како политичко-општествена активистка. Во 1960-тите, таа отворено се изјасни против војната во Виетнам… Актерката, која напиша книга за тоа како луѓето можат да бидат поактивни граѓани, а беше и уапсена неколкупати за време на протестите, а неодамна беше активно вклучена и во кампањите против климатските промени во светот.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
39мин
-
1час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5