Џеј Ло има двојничка која е бодибилдерка (ФОТО)

Урбана легенда е дека сите имаат свои двојници, а за бодибилдерката Џенис Гереј таа не е никој друг туку Џенифер Лопез.

Џенис стана популарна во 2017 година кога ја објави својата фотографија од бањата. Многумина веднаш забележаа колку таа личи на популарната пејачка, па започнаа да ја испрашуваат дали е тоа она.

Нејзините црти на лицето неверојатно наликуваат на латино дивата, но се забележува дека Џенис е многу помускулеста, со оглед на тоа дека станува збор за бодибилдерка која учествува на натпревари.

На Џенис не и пречи што ја споредуваат со Џеј Ло.

– Таа од малечка ми беше идол, изјави таа во една прилика.

Таа по потекло е од Браунсвил во Тексас, но се преселила во Хјустон на шест години. Сега ја има ќерката Амери, која исто така често вежба со неа.

View this post on Instagram

I’ll be back ? ??? #Throwback2019 #TBT

A post shared by J A Y F R O M H O U S T O N (@jayfromhouston) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот