
Дезинформациите допираат до менталното здравје на човекот
Темата ментално здравје стана особено актуелна помеѓу граѓаните особено во периодот кога живееме во општества негативно погодени од ефектите на т.н. пост ковид-пандемијата и штетните рефлексии врз светот од руско-украинската војна. Токму овие загрижувачки состојби во денешницата читајки ги дезинформациите и лажните вести за настаните се чини повеќе од било кога во историјата вршат нарушување на менталната благосостојба речиси кај сите.
Препорачано
Бројните светски медиуми информираат дека состојбите на оваа тема не мора да се дожуваат само со негативен предзнак туку има и примери во кои луѓето со поголема когнитивна рефлексивност имаат тенденција да бидат подобри во разликувањето на дезинформациите од вистинските информации, според новото истражување.
Интересен е примерот во Унгарија, во кој според научните истражувања одредени граѓани на земјата развиле мисловни вештини за да се справат со лажни информации кои се пласираат во етерот на државата и кои најчесто се креирани да ги отсликаат владините ставови и партиската пропаганда.
Она што сепак е интересно да се подвлече од заклучоците на научниот тим кој ја истражувал земјата е глобалниот закучок кој вели дека ширењето на лажни вести може да има штетни последици врз поединците но и целите општества а сето е тесно поврзано со ширење на дезинформации кои продуцираат конфузија и подделеност меѓу поединците, па дури и да влијае на однесувањето и одлуките на луѓето.
Авторката на студијата Лаура Фараго, која е асистент професор по психологија на Универзитетот Етвос Лоранд во Унгарија изјавила дека вознемирувањето кај Унгарицте во дезинформациите се должи поради лошите историски искуства во кои Унгарија била нападната од Русија/СССР во текот на нејзината историја, па од тука многу возрасни Унгарци имаа лични негативни искуства поврзани со руските агресии кога се говори за војните во Европа.
Фараго посочува дека дополнително лажните вести креираат и сериозни нарушување на менталната благосостојба на поединци во која освен негативните чувства, дезинформациитеi систематските кампањи во мејнстрим медиумите, ги извртуваат во целост трезвените размислувања кај многу Унгарци и формираат неразбирлива проруска наклонетост, па дури и ги обвинуваат Украинците за војната иницирана од Русија, што е ирационално во однос на нивните лични историски искуства.
– Затоа, сметавме дека испитувањето на подложноста на дезинформации е од најголема важност во оваа земја – вели Фарго.
Едно друго истражување на оваа тема извршено исто така во Унгарија, но од страна на американскиот стручен магазин Конгнитон спроведено врз база на тестирања на 991 испитаници било заклучено дека преоценките за расудувањето на лажните вести и дигиталната медиумска писменост зависат помалку од идеолошките ставови на луѓето, а повеќе со недостатокот на размислување во процесот на читање на изворите на вестите.
Гордон Пеникук, автор на студијата и доцент на Универзитетот во Реџина, истакнал дека има две основни причини зошто тој бил заинтересиран да ги проучува лажните вести.
„Првата е дека ширењето на лажни вести изгледа како исклучително важен проблем и е нешто за што психолозите допрва треба да имаат што да кажат а втората е дека лажните вести всушност даваат можност за истражување на нов феномен со теории на политичкото сознание на граѓаните “, вели тој.
Анализирајќи ги состојбите од локална перспектива медицински експерти велат дека психичка напнатост трае предолго врз грбот на граѓаните во Македонија.
Во морето од информации, експертите, сепак, советуваат да се остане присебен и да се следат исклучиво научните вистини и да се информираме единствено од релевантни извори и информации ќе можат позитивно да влијаат врз луѓето, а истовремено тоа да влијае врз нивната грижа, како за физичкото така и за психичкото здравје.

Д-р Петра Темелкова, специјализантка по психијатрија, вели дека здравствените состојби се нарушени бидејќи фокусот на вниманието на сите се токму информациите кои се поврзани со цените на продуктите кои се поскапени од кризата во Украина и од страшните слики од фронтовите кои по многу нешта наликуваат на војните во некогашна Југославија.
– Луѓето наседнуваат на лажните вести и се растрвожуваат бидејќи емотивно ги проследуваат вестите со голема доза на надеж, но и несигурност. Истовремено, преголемата застапеност на лажни информации околу војните во Европа, економската криза, енергенсите но и пост ковид периодот само дополнително придонесуваат за генерирање недоверба кон се што читаат луѓето на медиумите и социјалните мрежи – посочува таа.
Слично на оваа тема размилсува и истакнатиот новинарот Љубомир Костовски. Тој вели дека против лагата може да се спротивставиме единствено со објавување на вистината. Меѓутоа, државата која има ограничен капацитет и мали ресурси не може ефикасно да ги распореди и распредели за рационално да ги користи во ситуација кога во општеството егзистираат огромен број медиуми.

– Штетата што ја прават одредени медиуми со производство на лажни вести можеме посредно да ја видиме на тој начин што во некои држави се случува едниот кандидат да ги загуби изборите како резуктат на системска кампања преку објавување лажни вести и информации. Потоа се објавуваат информации што се спорни и од аспект на нвната елементарна вистинитост. Меѓутоа во време кога информациите се добиваат со притискање на едно копче и се евидентира посетеност на тој портал не треба да бидеме изненадени дека медиумот може да објави информација со наслов „Цунами ќе го погоди Дебар“. Можеме да го поставиме прашањето за тоа која е личноста што објавила таква глупост, но сметам дека за неа тоа е ирелевантно од аспект на целта што ја има поставено медиумот, а таа е остварување профит преку висока посетеност на порталот, а не информирање на јавноста. Самото објавување на ваквата информација очекувам да предизвика вознемиреност во место кај граѓаните ако спрема веста пристапот некритички и веднаш поверуваат дека тоа е можно. Нашата добра околност, покрај ваквите производители на лажни, а со тоа и штетни вести е дека на друг медиум може да проверите дека веста не е вистинита,- истакна новинарот Љубомир Костовски.