
Девојка редовно посетува старечки домови и таму наоѓа „момци“: Заработила богатство од снимањето со нив
Тифани има 35 години и наместо да ги „брка“ своите врсници, таа шета низ домовите за стари лица со надеж дека таму ќе најде момче. Како што вели, на крајот на денот тоа им е навистина потребно, бидејќи многумина немаат врски од 1999 година. Таа откри и зошто сака да спие со пензионери и го сподели својот најдобар совет за привлекување мажи во домовите за стари лица.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тифани Висконсин направила богатство и вели дека го сака тоа што го работи. Тифани снима еротски содржини со пензионери и е горда што е единствената ѕвезда која исклучиво снима сцени со пензионирани господа. Таа им се додворуваше на многу постари мажи во домовите за стари лица изјавувајќи дека има еден сигурен начин да ги натера да снимаат содржини со неа. Нејзината тајна е да ги носи пензионерите на вечера и пијалоци, нудејќи им посебен вид „грижа за стари лица“.
View this post on Instagram
Таа изјави за Дејли Стар: „Мојата омилена работа е да излегувам, да јадам и да се дружам и да направам да се чувствуваат удобно – особено ако планираме да го направиме тоа подоцна“.
Тифани е горда на она што го прави и верува дека навистина прави разлика во животот на постарите граѓани.
– Еден од моите најнезаборавни моменти беше кога еден од овие господа ми кажа дека сум направила повторно да се чувствува млад.
Тифани откри дека и се допаѓаат постари мажи бидејќи смета дека се зрели.
– Не ми пречат мажите на мои години, но има причина зошто сакам постари мажи. Тие се помудри и како што старееш навистина сфаќаш што е важно во животот. Постарите мажи сакаат авантура и забава. Не им е гајле што правам, што е мојата работа.
Покрај тоа што спие со постари луѓе, Тифани откри дека сака и малку да се забавува со „глупавите“ и „заборавените мажи“. Таа рече дека мисли дека тоа е затоа што се чувствувала заборавена кога била дете, па им помага на другите кои се чувствуваат така. Тифани заработува околу 16.000 фунти неделно од нејзиниот уникатен потфат и не планира да се пензионира наскоро.