Детското игралиште кај ТЦ „Зебра“ ќе добие седум нови реквизити

Ново детско игралиште наскоро ќе добијат децата околу ТЦ „Зебра“ во Капиштец. Денеска ќе започне и поставување на реквизитите на местото на постоечкото, па игралиштето извесен период нема да биде во функција. Станува збор за  7  нови реквизити вклучувајќи и нова гумена подлога.

Во ек на летните одмори и високите температури кога детските игралишта се празни почнуваме со промена на новите реквизити на веќе руинираното детско игралиште кои ќе значат и нова радост за нашите дечиња. Затоа замолувам на трпение кај родителите и децата со цел детската игра побрзо да продолжи, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар информира дека новото детско игралиште е донација од општествено одговорна компанија, која Општината ја прифати на 26-та седница на Советот. Градоначалникот Герасимовски  ги повикува останатите компании да донираат во проекти кои придонесуваат за правилен детски развој и социјализација на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот