Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Дете во Америка се пожалило дека има „чудовиште“ под неговиот кревет, дадилката пронашла скриен маж
Дадилка во Канзас, која на барање на преплашените деца за кои се грижела, решила да провери под креветот дали има „чудовишта“, пронашла маж кој се крие таму, соопшти полицијата на Грејт Бенд.
Препорачано
„Дете се пожалило дека има ‘чудовиште’ под неговиот кревет. Кога (дадилката) се обидела да му покаже на детето дека нема ништо под креветот, таа се соочила со осомничениот маж кој се криел таму“, се вели во полициското соопштение.
Се додава дека меѓу осомничениот и дадилката дошло до конфликт, а во тепачката едно дете било соборено, додека мажот избегал од местото, пренесува „Гардијан“.
Откако полицијата пристигнала на имотот, дадилката го идентификувала осомничениот како Мартин Вилалобос Јуниор (27), кој некогаш живеел таму.
Следното утро, полицајците го забележале Вилалобос и по кратка потера го стигнале и го уапсиле.
Вилалобос е обвинет за киднапирање, кражба, напад, загрозување на деца, криминално попречување на службеник за јавен ред и кршење на наредбата за заштита од злоупотреба. Тој е задржан во притвор, а кауцијата е одредена од 500.000 долари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
30мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5