
Дете седело на каучот додека жените лежеле во локви крв: Сосед опиша морничави сцени во станот на српското семејство во Виена
Соседот на семејството во Виена, 33-годишниот Оливер, ги опишал драматичните моменти од убиството кога маж ја убил жена си, ги застрелал својата ќерка и нејзиното момче, па се самоубил, пренесе Мондо.
Препорачано
Тој тогаш се враќал од продавница кога слушнал звуци на истрели. На почетокот не обрнал внимание, но кога ги слушнал криковите за помош, веднаш се посомневал дека се случува нешто сериозно.
Во станот затекнал многу крв.
— Ниту можев да замислам, ниту, пак, мислев дека некогаш ќе доживеам нешто вакво — рекол Оливер.
Две жени лежеле во локви крв.
— Мојата прва цел беше да го изведам момчето на возраст од 3-4 години, кое седеше на каучот — раскажал шокираниот сосед.
Оливер го однел детето кај една сосетка. Потоа, пред влезот на станот, ги упатил вооружените полицајци кон скалите. Сепак, херојската акција на Оливер оставила последици.
— Цела ноќ не можев да спијам, сè уште се тресам. Не очекуваш ништо, се враќаш од продавница, а потоа одеднаш се наоѓаш среде ваков крвав масакр — признал Оливер.
Според информациите, на страшната трагедија ѝ претходела жестока расправија помеѓу 44-годишниот маж и неговата сопруга, а наводна причина бил претстојниот развод.
Жена изјавила дека нејзината 24-годишна ќерка кусо пред злосторството имала лошо претчувство.
— Таа рече: „Не чудете се ако денеска биде гласно и ако се слушаат чудни звуци. Моите родители се во процес на развод“ — раскажала сосетката.
Набргу потоа, таа го сретнала и наводниот напаѓач на скалите кој изгледал многу сериозно.
Во вторникот вечерта, во еден стан во виенската населба Леополдштад, се случило страшно крвопролевање. Околу 19:30 часот, 44-годишен маж од Србија ја усмртил својата сопруга со истрел од пиштол. Нивната 24-годишна ќерка и едно 26-годишно момче, исто така, добиле прострелни рани. Ќерката се наоѓа во болница и, според лекарите, е во исклучително критична состојба и се бори за живот.
По трагедијата, дошло и до пукање кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот. Напаѓачот побегнал со својот сребрен „мерцедес“, а бил пронајден мртов во возилото на само неколку метри од станот. Можно е мотив за оваа трагедија да бил претстојниот развод на брачниот пар.
Србин во Виена ја убил жена си, пукал во ќерка си и во нејзиното момче, па си пресудил