Деспотовски: Од почетокот на годинава потпишани пет договори, а се преговора со повеќе за над 300 милиони евра инвестиции

Во првите четири месеци од годинава се потпишани пет договори со нови и актуелни инвеститори, а веќе се преговара со повеќе компании за обем на инвестиции кој веќе достигна над 300 милиони евра, соопшти директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Во гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма порача инвеститорите да не се делат на ваши и наши, туку дека, како што рече, вложуваме во заедничка индина за сите”.

-Како што при вработувањето во компаниите од ТИРЗ не се делиме на Македонци, Албанци или Турци, нашите политички опоненти мора да престанат да ги делат инвеститорите во зоните на „ваши и наши” и да им ставаме чија било партиска боја. Додека се расправаме за тоа што е и чиво е времето поминува, а ние ќе тапкаме во место,  додека младите и понатаму ќе се иселуваат. Државата и инвестициите не се на членови на политички парти, државата е на сите и со вложување во инвестиции вложуваме во иднината на десетици наши сограѓани, рече Деспотовски

Според него е многу поважо што се успеално да ги поттикнат компаниите да исплаќаат повисоки плати.

  -Само за пример, рече, компанија Леар во ТИРЗ Тетово, која денеска започна втор инвестициски циклус  минатата година исплатила 22 отсто повисоки плати во однос на 2019 година, а за новиот инвестициски циклус веќе преговараме за мерки со кои ќе поттикнеме значително зголемување на платите. Како ТИРЗ и како Влада покажавме дека имаме способност да го искористиме инвестицискиот потенцијал на актуелните инвеститори и на идните. Со овој нов пристап обезбедуваме подобар живот буквално за сите, посочи Деспотовски.

Според Деспотовски  „промената во економскиот модел  на поттикнување инвестиции се огледа во тоа што примарно за оваа Влада се реалните ефекти од вложувањата за граѓаните и државата, а не да биде поважно сликањето и сечењето ленти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот