Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Деновиве се очекуваат резултати од инспекцискиот надзор на „Вардариште“

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска изјави дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор на депонијата „Вардариште“.

– Веќе е испратен Инспекторатот на терен и ги чекаме резултатите. Врз основа на тоа, ќе одговориме, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање.

Жителите на скопските општини Аеродром и Лисиче веќе неколку дена протестираат од 18 часот, барајќи решавање на проблемот со депонијата, од каде, како што тврдат, се шири чад и отровна миризба.

Дивата депонија „Вардариште“ деновиве беше и тема меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје, кои нудеа свои решенија за надминување на проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот