Фото: Центар за биоинформатика

„Ден надвор од времето“- симбиозен настан помеѓу духовноста, литературата и музиката

Џафар Бабаеи, роден во 1970 година во Техеран, Иран. Тој е автор кој од рана возраст го привлекува духовното искуство и потрагата за разбирање на невидливите сили што го формираат човековиот живот. Неговото животно патување е насочено кон истражување на длабоките значења на универзумот, што го водело низ различни учења и духовни искуства. Книгите на Бабаеи се резултат на години на барање на мудрост и учење, претставувајќи размислувања кои се врзани за божественото присуство и разликите на духовните патувања.

Бабаи / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Џафар Бабаеи ја прифаќа својата улога како писател со гордост, изразувајќи се со длабочина и мудрост, со теми што влијаат на човечката душа и нејзиното постоење. Тој е автор на повеќе научни трудови и книги меѓу кои „Вирусот на лутината и што тој им прави на нашите тела”, “Душата, раскошот измешан со телото- КИАН”, “Жените како ривали бранови од земјата”, “Суштината на судбината”,”Органско воспитување”.

Фото: Слободен печат / Агнеса Чаволи

На денешната прес-конференција пред скопската публика, Бабаеи како автор на бројни научни трудови ги представи своите книги и фокусот помеѓу човечкото тело и општеството, како и го најави настанот „Ден надвор од времето“ кој ќе се оддржи во четврток на 25.07.2024, во Куршумли Ан со почеток во 21 часот каде Бабаеи ќе дебитира пред македонската публика,за духовноста и личниот развој, за индивидуалното и колективното, поставувајќи ги како важни аспекти за разбирање на функционирањето на современото општество.

Промоција на книги / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Доколку сакате да ја искусите магијата на комбинацијата на различните изрази на уметноста, мудроста, духовноста, убавата енергија, литературата и музичките вибрации, на настанот ќе гостуваат Џијан Емин, Magical Orchestra, Schlich и Ogi Uzun.
Настанот е организиран од страна на „Центарот за Биоинформaтика“ – Ревит и блиските пријатели на Бабаеи.

Фото: Ревит-Центар за Биоинформатика, настан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот